Концертот „Сонантни приказни“ на дуото Зоран Станишиќ – пијано и Стефан Котевски – виолина, ќе се одржи утре вечер на 25.11.2026г. – среда, во 20ч, во Салон 19’19 – Културно информативен центар.
Гости на концертот ќе бидат Јосипа Василевска – флејта и Злате Огњановски – фагот, а концертот е дел од програмата на музичкиот фестивал „Есенски музички свечености“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје.
Есенските музички свечености ќе завршат на 26 ноември, четврток, кога во 18ч во КИЦ, во Салонот 19:19, свој прв солистички концерт ќе одржи Хатиџе Салиева, којашто на виолина ќе ги отсвири „Четирите годишни времиња“ на Антонио Вивалди. Пијано корепетитор на концертот е Ива Виденовиќ, додека ментор е Аспарух Коневски.


