Приведен е возачот кој возеше во спротивна насока на Партизанска, а видео беше споделено на социјалните мрежи.
Полицијата соопшти дека се работи за 87-годишно лице со иницијали И.Г.
Денеска (21.11.2026) од страна на ПС ОН Карпош при СВР Скопје преземени се мерки и активности во врска со објаваено видео на социјалните мрежи на кое се гледа како едно лице управува патничко возило по бул.”Партизански Одреди” во спротивен правец. При тоа утврдено е дека лицето е И.Г.(87) од Скопје. И.Г. е лишен од слобода по член 297 а став 1 од Кривичниот законик, соопшти попладнево МВР.
Возилото привремено е одземено за понатамошна постапка, а против возачот ќе биде поднесено кривична пријава.

