Во Друштвото на писатели на Македонија ќе ѝ биде врачена наградата „Даница Ручигај“ на годинашната добитничка Даниела Андоновска-Трајковска, која ѝ се доделува за необјавената стихозбирка „Синтакса на постоењето“.
За наградената книга ќе зборува писателот Петре Димовски, а добитничката на наградата ќе има книжевен настап со читање на своите песни од „Синтакса на постоењето“.

