Македонската музичка група „Фолтин“ вечерва се враќа на Хераклеа Битола онаму каде го одржа својот прв концерт. Токму тука ќе го одржи својот јубилеен концерт „FOLTIN 30 години концерти“.
По повод 30-годишната кариера, Фолтин го промовираше и двојното винил издание. Изданието е снимено целосно во живо, на врвна аналогна опрема во Пловдив и Скопје, а печатено е во Виена според највисоките стандарди за винил продукција.
Лимитираната серија рачно нумерирани и потпишани плочи FOLTIN LIVE е наменета за
колекционери, аудиофили и долгогодишни почитувачи на бендот.
Изданието е достапно преку веб-страницата на Фолтин, а плочите може да се подигнат и
во продажните салони на Божиновски часовници и накит на Широк Сокак во Битола и на
улица Македонија во Скопје. За останатите градови, изданието се испраќа по карго.

