Драган Вучиќевиќ, сопственикот на медиумот „Информер“, кој утринава беше уапсен во Белград, е задржан во притвор до 48 часа, потврдија од Второто основно јавно обвинителство во Белград.
Според Обвинителството – како што пренесува порталот „Нова.рс“ – Вучиќевиќ е осомничен за сторување на кривичното дело предизвикување паника и неред (во продолжено траење), во врска со кривичното дело попречување на правдата.
Исто така, наведено е дека осомничениот, заедно со кривична пријава, утре, четврток, 26 ноември, ќе биде изведен пред јавен обвинител во Второто основно јавно обвинителство во Белград на сослушување.
Полицијата го уапси Драган Вучиќевиќ во Белград утринава, наводно во близина на зградата на „Информер“ во општина Вождовац.
Веста за апсењето на Вучиќевиќ пред пратениците во Народното собрание на Србија ја соопшти Александар Вучиќ, шефот на пратеничката група „Србија победува“ (околу Српската напредна странка – СНС), што беше проследено со аплауз од пратениците од „Студентската листа“.
Пратениците од СНС ја напуштија собраниската седница и се собраа пред полициската станица во Вождовац за да му дадат поддршка на уапсениот Вучиќевиќ. Според „Нова“, меѓу присутните се Милош Вучевиќ, Никола Селаковиќ, Вјерица Радета, Лидија Вукиќевиќ, Нела Кубуровиќ, Арно Гујон, Дина Вучиниќ и други. Вработените во „Информер“ бараат нивниот уредник да се брани од слобода
Дејан Вукелиќ, заменик-главен уредник на „Информер“, побара сопственикот и уредник на медиумот, Драган Вучиќевиќ, веднаш да биде ослободен за да може да се брани од слобода, без оглед на обвиненијата што му се ставаат на товар. Обраќајќи им се на медиумите пред полициската станица во општина Вождовац, Вукелиќ изјави дека Вучичевиќ е татко на шест деца и дека има сериозни здравствени проблеми. Тој додаде дека нема причина да се сомнева оти Вучичевиќ не би се појавил на суд за да ја изнесе својата одбрана, „без оглед на тоа какви се обвиненијата“ против него.
Понатаму истакна дека, доколку Вучичевиќ сакал да избега, тоа можел да го стори уште одамна.
Милош Вучевиќ, претседател на Српската напредна странка (СНС), изјави дека Србија, со секој изминат ден, сè подлабоко тоне во бездната.
Драган Вучиќевиќ, сопственик и главен уредник на медиумот „Информер“, денеска е уапсен под обвинение за предизвикување паника и јавен неред (како продолжено кривично дело), како и за попречување на правдата, дознава порталот „Нова.рс“.
Неговото апсење го потврди и поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, за време на седница на Народното собрание на Србија.Додека тој ја соопштуваше веста дека неговиот пулен и мегафон е упасен , пратениците од студентска листа аплаудираа, тиј ги нарече дека се кретени и потоа со својата пратеничка група ја напуштија собраниската сала

