Бегиската царина вчера во пристаништето во Антверпен заплени уште 117,06 килограми кокаин, соопшти денеска Федералната јавна служба за финансии (ФПСФ) на Белгија.
Во соопштението се посочува дека дрогата била скриена во спортски торби во контејнер што во Антверпен пристигнал од Чиле.
Во истиот контејнер покрај спортските торби имало и пакувања со хемиски производи.
Ова е втор ден по ред на заплена на дрога во пристаништето во Антверпен, откако во понеделникот цариниците запленија 119,64 килограми кокаин, сокриени во три разладни контејнери со ананас и банани кои пристигнале од Костарика и Перу.
Пакетите во кои била скриена дрогата имале етикети од шишиња рум.
Целата запленета дрога ќе биде уништена, а покрената е и истрага за лицата одговорни за шверцот.

