Оркестарот на Македонската филхармонија со почеток во 20 часот ќе одржи концерт во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“.
На програмата се „Циклус песни“ од Стојан Стојков (2004), „Темпера 3“ од Тома Прошев (1968), увертира „Храдебни“ (1997) од Горан Начевски и Концерт за симфониски оркестар „Ремикс“ (2012) од Гоце Гавриловски.
Диригент ќе биде Иван Еминовиќ, а како солистка ќе настапи мецосопранистката Сара Јанева.

