Дизелот достигна цена од речиси 105 денари за литар со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ поскапува за 5,5 денари за литар.
Поскапува и мазутот за 1,835 ден/кг и од полноќ ќе се продава по цена од 50,078 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините се намалуваат за 1,50 ден/литар, а се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство за 7 ден/литар.
Според новата одлука на РКЕ, новите цени на горивата се следниве:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 99,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 101,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 104,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,078 (денари/килограм)

