Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се сретна со премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски.
Вучиќ ја истакна важноста од подобрување на билатералната соработка, особено во економијата, енергетиката и инфраструктурата.Слушајте ги вестите.
– Добар и отворен разговор со премиерот Христијан Мицкоски за традиционално пријателските односи меѓу Србија и Северна Македонија , важноста на регионалната соработка и стабилност, како и нашиот европски пат – рече Вучиќ.
Србија сака најдобри односи со Северна Македонија, а за време на средбата разменивме мислења за понатамошно подобрување на билатералните односи, особено во областа на економијата, енергетиката, инфраструктурата и поврзаноста. Северна Македонија е важен економски партнер на нашата земја и има значителен простор за понатамошно подобрување на трговската и инвестициската соработка – додаде тој.
-Остварив средба со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. На средбата разговаравме за актуелните состојби во регионот, значењето на добрососедските односи, унапредувањето на соработката и заедничките интереси кои придонесуваат за стабилност, развој и просперитет на нашите народи – објави премиерот Мицкоски на Фејсбук.

Тој во објавата наведува дека продолжуваат со отворен дијалог и конструктивна соработка во насока на јакнење на регионалното поврзување и европската перспектива на Западен Балкан.

