Во рамките на Фестивалот на музика од светот, утре вечер 28.11(сабота), во горното Фоаје на Центарот за култура Битола , во 19 ч, ќе биде отворена изложбата „Музика во слика и слика во музика“ од уметницата Жаклина Николовска.
Преку разиграни линии, топли и ладни бои, симболи и силна експресија, авторката создава ликовен свет во кој се среќаваат музиката, емоцијата и визуелната уметност.
Меѓу човекот и природата, секој шум може да стане мелодија, а секоја слика, музика што се доживува со погледот. Секоја слика е своја симфонија, секој потег, звук, а секое дело покана да ја почувствуваме музиката на поинаков начин.

