Овој петок (27.11) со почеток од 20 часот, на Факултетот за драмски уметности-Скопје, ќе се одржи испит по предметот Актерска игра 2 (I година од студиите) на студентите на отсекот Драмски актери во класата на проф. д-р. Сузана Киранџиска и проф. д-р. Кристина Леловац.
Новите млади актери ќе изведат едночинки и ракази од Антон Павлович Чехов, меѓу кои : „Мечка“ (Марија Мургоска – Елена Иванова Попова и Филип Настов – Смирнов, „Зиночка“ (Миа Жиро – Зинаида Николаевна), „Сопруга“ (Бојана Јанкуловска – Олга Димитриевна), „Трагичар од неволја“ (Вања Младеновски – Иван Иванович Толкачов), „Јубилеј“(Давид Цветановски – Кузма Николаевич Хирин, Ристе Стојанов – Андреј Андреевич Шипучин, Анастасија Чипуровска – Татјана Алексеевна, Сара Петкоска – Настасија Фјодоровна Мерчуткина).

