Македонскиот уметник Слободан Милошески ќе се претстави со својата изложба на скулптури „Sensible Selbsterkennung“ во галеријата ART ROOM во Дизелдорф, Германија! Свеченото отворање е закажано за сабота, 28 ноември 2026 година, од 15 до 18 часот, а изложбата ќе трае до 7 јануари 2027 година.
Убаво е кога нашите уметници ја претставуваат македонската култура надвор од татковината. А уште поубаво е кога ние, македонците во Германија, ќе им дадеме поддршка со нашето присуство. Ги покануваме сите Македонци од Дизелдорф, Келн, Дуизбург, Есен и поширокиот регион да го посетат овој културен настан. Да покажеме дека македонската заедница знае да ја цени и поддржи својата уметност, се вели во објавата на македонската заедница.

