На денешен ден, пред 82 годиник, е формирана Македонската филхармонија – единствениот симфониски оркестар во нашата држава
Класичната музика е нашиот ветер во едра, но и нашето сидро – цврсто втемелено во традицијата и вредностите што се негувале со векови, кои не смееме да дозволиме да замрат. Да и дадеме поддршка на класичната музика! Во време кога таа, на глобално ниво, се соочува со предизвикот да допре до нови генерации публика, важно е да ја препознаеме нејзината безвременска вредност. Класичната музика не е само дел од нашето културно наследство – таа е жива уметност, неисцрпен извор на инспирација и темел врз кој се развивале безброј музички правци и жанрови. Да ја чуваме, да ја негуваме и да и дадеме простор да живее и во иднина, велат од колективот на Македонската филхармонија.
82 години Македонската филхармонија

