Движењето Силата на Србија – БК (ПСС-БК) на контроверзниот српски бизнисмен Богољуб Кариќ денеска до Републичката изборна комисија (РИЈ) ја достави својата изборна листа за претстојните парламентарни избори во Србија закажани за 25 октомври.
Носител на листата е Кариќ, кој по нејзиното поднесувањето изјави дека верува оти изборите ќе бидат „празник и прослава за Република Србија и сите граѓани“.
„Се надевам дека сите учесници и политички партии ќе ги повикаат своите членови и поддржувачи да обезбедат мирно одвивање на изборите“, нагласи Кариќ.
РИК едногласно одлучи да побара од надлежните органи итна верификација на изјавите на гласачите кои дале потпис за поддршка на изборната листа „Богољуб Кариќ – Движење Силата на Србија – БК“, поради сомневање дека „некои изјави можеби не се собрани и верификувани на правно валиден начин“.
Рокот во кој РИК треба да донесе одлука за потврдување или отфрлање на предложена кандидатска листа е 48 часа по нејзиното поднесување.
Комисијата досега потврди 11 листи за учество на изборите, но потоа коалицијата Народна Србија, ја повлече својата кандидатска листа „Избор на народот: Мирослав Мики Алексиќ, Милош Парандиловиќ, Александар Јовановиќ Ќута, Народно движење на Србија, Новото лице на Србија, Движење еколошко востание“.

