Националниот дата центар најверојатно ќе се гради на парцела што се наоѓа кај Технолошко-индустриските развојни зони во близина на Скопје.
Од Министерството за дигитална трансформација велат дека парцелата е на земјиште што не е плодно, но има доволно простор и за изградба на фотоволтаична централа доколку во иднина Владата планира такво нешто.
Се наоѓа во близина на градот Скопје, во близина на Технолошко-индустриската развојна зона, во близина на автопат и оптичка линија така што најверојатно Дата центарот ќе биде изграден таму, вели министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски за телевизија „Сител“.
Дата центарот ќе се гради со државни пари, но и со 30 проценти грант средтства коишто допрва треба да се обезбедат.
Разговаравме со различни финансиери кои се компатибилни со барањата на ЕУ за ваков вид проекти, вели Андоновски.

