Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека има многу злоупотреби на боледувањата и целта на најавените измени е да се спречат токму тие злоупотреби.
Има ситуации во кои луѓе што се на боледување објавуваат фотографии од одмор во Италија на Инстагра, изјави денеска Клековски.
Сите измени на Правилникот за боледување што се планирани, тврди Клековски, се правени врз основа на компаративни анализи.
Она што се предлага, вели Клековски, е пример земен од Словенија каде што законот бил донесен кога на власт била левицата, а не десницата.
Од друга страна, се загалам за олеснување на оние што навистина се болни и имаат трајни дијагнози и кои нема да се променат, дали се онколошки или автоимуни или потешки дијагнози. Треба да ја релаксираме администрацијата, каде што е јасно дека дијагнозата е непроменлива, а малку повеќе да го оневозмжиме земањето боледување за спојување празници, за одење на годишен одмор кога сакаме да одиме. Со законот не е предвидено да одиме на годишен одмор кога сакаме, има колку дена може да ги користиме кога сакаме сите ние и земање годишни одмори во јавната администрација да се работи на друго место. Имаме јавни примери, каде што луѓе што се на боледување работат друга работа. Сакаме тоа да го сузбиеме, а не да малтретираме, изјави Клековски.
Директорот на Фондот за здравствено осигурување најави дека се планираат измени во делот на боледувањата односно тие да се скратат од седум на пет дена.

