Вечерва, во 20 часот, во Концертна сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје,во рамките на 27. издание на „Есенски музички свечености 2026“, ќе се одржи концерт на студентите, посветен на јубилејот „60 години ФМУ Скопје“.
Концертната програма носи средба со младите музички интерпретатори преку солистички и камерни изведби на дела од Ј. С. Бах, Г. Ф. Хендл, Ј. Хајдн, Ј. Брамс, Ф. Шопен, Р. Шуман, К. Дебиси, А. Скрјабин, Ф. Шуберт, А. Дворжак и Ф. Пуланк.
Со овој концерт се одбележува значаен јубилеј на една од најважните високообразовни музички институции во земјата, чиј придонес во развојот на македонската музичка култура трае веќе шест децении. Влезот за концертот е слободен.

