Американскиот претседател Доналд Трамп најмалку двапати бил известен за можна кинеска шпионажа во американскиот гигант за проиводство на чипови „Енвидија“, но овие извештаите не ги сфатил сериозно, тврди „Њујорк тајмс“.
Како што наведува весникот, на Трамп наводно најмалку двапати му било посочено дека Алис Хуанг, која имаше љубовна врска и блиски контакти со извршниот директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг, најмалку една година била поврзана со кинеската разузнавачка служба.
Оваа љубовна врска доведе до скандал кој кулминираше со заминувањето на Џенсен Хуанг од раководната функција и остар пад на вредноста на акциите на „Енвидија“.
Американскиот претседател не ги сфатил извештаите премногу сериозно и не сакал да се вклучи во случајот, пишува „Њујорк тајмс“.
Самиот Трамп негира дека бил известен за можната шпионажа и го минимизира значењето на случајот.
„Обично, секоја убава жена што доаѓа во нашата земја од Кина ја нарекуваат шпионка“, изјави Трамп на прес-конференција минатата недела.

Според бесникот, Трамп го сметал Џенсен Хуанг за вреден сојузник, а „Енвидија“ за клучна компанија за стабилноста на американската економија и берзата.
Една и пол година контакти со кинеската разузнавачка служба
„Њујорк тајмс“ наведува дека Алис Хуанг одржувала контакти со претставник на кинеското Министерство за државна безбедност од пролетта 2025 година, па сè до есента оваа година. Овој период се совпаѓа со дел од времето во кое таа била во љубовна врска со Џенсен Хуанг.
Се наведува и дека нејзиниот деловен партнер, Канг Веи, исто така соработувал со кинеската разузнавачка служба.
Според „Њујорк тајмс“, фактот дека во американската Влада навистина постоела загриженост поради врските меѓу шефот на „Енвидија“ и Алис Хуанг, се потврдува и преку доверлив меморандум, изготвен интерно од државниот секретар Марко Рубио на 30 март оваа година.
Сепак, американските официјални лица нагласуваат дека сè уште нема цврсти докази за шпионажа, а официјалната истрага е во тек.
Шверц на чипови?
Алис Хуанг претходно раководеше со „Мегаспид“, компанија со седиште во Сингапур, која е еден од главните клиенти на „Енвидија“. Во еден период, „Мегаспид“ набавуваше чипови од овој американски производител во вредност од милијарди долари во продажбата, иако само мал дел од нив завршувале во Синагпур.

Од 2024 година, американските власти ја истражуваат компанијата поради сомнеж за шверц на напредни чипови наменети за вештачка интелигенција на „Енвидија“ во Кина. Уште од 2022 година, САД се обидуваат да ја спречат Кина да добие пристап до најмоќните чипови за вештачка интелигенција.
Покрај тоа, според Си-Ен-Би-Си, Министерството за правда на САД истражува дали компании поврзани со Алис Хуанг помогнале во шверцот на производи од американскиот производител на сервери „Супер Мајкро“ во Кина.
Овој скандал поттикна нова дебата во Вашингтон за американската извозна политика кон Кина. Членови на Конгресот, како од Демократската, така и од Републиканската партија, поставуваат прашања дали Администрацијата на Трамп доволно строго ги спроведува ограничувањата за извоз на напредни чипови.
Џенсен Хуанг и правниот директор Тим Тетер наскоро ќе треба да одговараат на прашања зад затворени врати пред неколку комисии на Претставничкиот дом на САД. Комисиите бараат појаснување во врска со улогата на „Енвидија“ во овозможувањето пристап до напредни чипови за Кина, како и во врска со можна шпионажа. Сослушувањата се закажани за 1 и 2 декември.

