Левица бара да не се дозволи ново поскапување на струјата. Профитабилноста на ЕВН не смее да биде државен приоритет, порачува партијата.
Само дванаесет дена откако Мицкоски уверуваше дека ЕСМ нема да ја зголеми цената по која ја продава електричната енергија, на вчерашниот тендер на ЕВН Хоум државната компанија понуди цена од 74 евра за мегават-час за 30% од потребните количества, со што просечната набавна цена се зголемува за над 4%. Паралелно, претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, веќе ја подготвува јавноста за “симболично“ поскапување на струјата, велат од Левица.
Од партијата бараат целосна транспарентност на пресметките, обелоденување на сите влезни параметри пред утврдувањето на цената, преиспитување на оправданоста на трошоците на енергетските компании и преземање на сите расположливи мерки за спречување ново поскапување.

