Намалена видливост поради магла вечерва има на неколку патни правци, а сообраќајот е одвива непречено, но по влажни коловози.
Авто мото сојузот на Македонија информира дека магла до 100 метри има на патните правци Демир Хисар – с.Железнец и с.Кривогаштани – Крушево, и од 80 – 100 метри на планинските превои Стража, Плетвар и Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

