Поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга Силија Флорес се изјаснија за невини по обвиненијата за тортура пред Суд во Њујорк.
Американскиот правосуден систем покрена различни кривични постапки против брачната двојка, која од јануари се наоѓа во притвор во Њујорк.
Мадуро и неговата сопруга од претходно беа обвинети во САД за кривични дела поврзани со шверц на дрога и оружје, а од минатата недела против нив се води постапка и за „заговор за вршење тортура“.

