Украина и Европа мора да бидат вклучени во сите преговори што се однесуваат на Украина, порача германскиот канцелар Фридрих Мерц.
„Собири во форматот од типот на Јалта нема да донесат мир во Европа“, рече Мерц, осврнувајќи се на денешната трилатерална средба на претседателите на САД, Доналд Трамп, на Кина, Си Џинпинг и на Русија, Владимир Путин во Шенжен.
Според Мерц, оваа средба била „пред сè, можност за фотографирање“.
Говорејќи на прес-конференција по состанокот на т.н. „Коалиција на подготвените“, што ја сочинуваат земји кои ѝ даваат финансиска и воена поддршка на Киев во војната против Русија, Мерц нагласи дека тие ќе продолжат да ја поддржуваат Украина онолку долго колку што е потребно.
„Нашата поддршка не значи дека сакаме да ја одолговлекуваме војната. Ние сакаме да ја завршиме војната“, рече Мерц.
Германскиот канцелар дополнително изјави дека одредени санкции против Русија би можеле да бидат укинати под одредени услови, доколку се постигне напредок во мировните преговори.
„САД ја добија пораката дека Европа е подготвена за соработка, доколку нашите цели останат исти“, додаде Мерц.

