Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска тврди дека поранешниот градоначалник на Чаир, Висар Ганиу и поднел тужба за клевета бидејќи добил душевна болка, затоа што го нарекла криминалец.
Само прво треба да одговори за 150 фалсификат легализации, меѓу кои зграда вредна 5 милиони евра, наводно изградена во 2010 година од 15-годишник, со фирма основана во 2020, на плац купен во 2021 година? Како оваа зграда што ја документиравме дека се гради во 2025 година ја легализирал како да е градена во 2010? Висар немаш ти душевна болка дека сум те нарекла криминалец, имаш болка бидејќи си фатен со 3200 страни докази дека си КРИМИНАЛЕЦ, вели Арсовска во објава на Фејсбук.
Се ЗАКАНУВАВТЕ секој ден, испративте луѓе да ме ПРЕТЕПААТ, целото семејство ми го малтретирате и заплашувате, ама тоа не може да ги смени фактите дека сте КРИМИНАЛЦИ, поткрепено со официјални докази на 3200 страни, стои во објавата.

