Саудиската армија изврши серија напади врз реони во Јемен под контрола на проиранските бунтовници Хути, вклучително и врз пристанишниот град Ходеида на брегот Црвеното Море, кое е од клучно значење за увоз на храна и друга стока.
Армијата на Саудиска Арабија инфромира дека цел на напдите биле „оперативни капацитети“ што Хутите ги „користат за шверц и за транспорт на оружје и балистички ракети“.
Како одмазда, Хутите се заканија со напади врз саудискот пристаниште Џеда, како и врз „сите непријателски пристаништа долж брегот на Црвеното Море“.
Бунтовниците, исто така, се заканија и со нови напади врз финансискиот кварт во саудискиот главен град Ријад.
Саудиска Арабија соопшти дека денеска веќе пресретнала два дрона и три балистички ракети лансирани од Хутите.
Танкер во пламен во Ормуцкиот Теснец
Во меѓу време, британската поморска агенција УКМТО соопшти дека танкер за нафта се запалил во Ормуцкиот Теснец откако бил погоден од непознат проектил. Според УКМТО, при нападот нема жртви.
Иранската револуционерна гарда потврди дека се запалил танкер во Теснецот, но тврди дека бродот не бил погоден од проектил, туку пожарот избувнал откако пловилото удрило во поморска мина во близина на брегот на Оман.
Во последните недели, бројот на инциденти со мини во и околу економски важниот Ормуцки Теснец нагло се зголеми. Ова се случува и покрај изјавите од американска страна дека Теснецот е главно исчистен од поморски мини и дека повторно е безбеден за пловидба.

