Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека утрово сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози, но дека сите патни правци низ државата се проодни.
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони, а ЈП Македонија пат апелира до возачите на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината кон условите на патот.

