Денес официјално ќе биде претставена новата поставена маркација на зимската патека од Попова Шапка до Титов Врв.
Промоцијата е дел од Славков-проектот „Маркација на планинарски патеки во Северна Македонија“, финансиран од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка, а спроведуван од Планинарската федерација на Северна Македонија и Одржливи Авантуристички Патувања Скопје.
По промоцијата ќе следи планинарска тура низ живописните предели од врвот Церипашина до врвот
Антени (2.530 м).

