Во НУ Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, во Велес, почнаа пробите за новата театарска претстава „Обгорени“, од современиот драмски автор Важди Муават, во режија на Борче Василески.
„Обгорени“ (оригинален наслов „Incendies“) е моќна и потресна семејна драма за потрагата по вистината, наследството на војната и тајните што со години остануваат закопани во минатото. Во оваа комплексна и емотивно слоевита драмска приказна ќе настапат актерите Зорица Панчиќ, Талија Настова, Филип Христовски, Фаик Мефаилоски, Жарко Спасовски, Исидор Јованоски, Талија Ѓорѓиева и Теона Крстеска.
Режисер е Борче Василески, авторската музика е на Сашко Костов, сценографијата на Мартин Манев и костимографијата на Сара Милевска.


