„Од Големата мајка до Севишниот татко: Како настанал патријархатот?“ е наслов на разговорот со Марија Арсенкова што ќе се одржи вечер од 18 часот во КСП „Јадро“, во рамките на есенското издание на фестивалот „Прво па женско #14 – мајчинствување“.
Разговорот отвора тема за менување на претставите за мајчинството низ историјата и како тие промени се поврзани со распределбата на трудот, грижата и моќта.
-Како од општество кое се организира околу новиот живот, сме се претвориле во општество кое се организира над животот? Како сме го замениле кругот, во кој се споделуваат одлуките, плодовите и трудот, со пирамида која ја концентрира моќта на врвот?
Со овие прашања Марија Арсенкова ќе го отвори разговорот „Од Големата мајка до Севишниот татко: Како настанал патријархатот?“.
Публиката ќе има можност да се вклучи со прашања и да разговара за тоа како овие односи се препознаваат во секојдневниот живот, соопшти организаторот на настанот за кој влезот е слободен.

