Камерите на Министерството за внатрешни работи од 12 октомври ќе снимаат и во Охрид, Дебар, Кичево и Струга.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека подготовките се во завршна фаза, а во следните две недели треба да се завршат преостанатите активности поврзани со командниот центар и имплементацијата на системот.
Сакам да ги известиме македонските граѓани, особено жителите на општините Дебар, Кичево, Струга и Охрид, дека на територијата на СВР Охрид почнуваме со примена на „Безбеден град“ заклучно со 12 октомври, изјави денес Тошковски.
Според Тошковски, за 20 проценти е намален бројот на повредени во сообраќајни незгоди во однос на лани.
„Безбеден град“ е во функција од 1 февруари годинава.

