Бензините од полноќ поевтинуваат за два денари за литар, а дизелот за 3,5 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Тоа значи дека Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 82 денари за литар, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 84,00 ден/лит. Дизелот во следните седум дена ќе с еточи по цена од 88,5 денари за литар.
Се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,50 денари за литар, кое ќе се продава по цена од 98,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,204 ден/кг, во однос на
претходно утврдената цена. Тој ќе се продава по цена од 48,110 ден/кг.

