Под мотото „Женски поглед: Филм по нејзина мерка отворено е петтото издание на Фестивалот на грчки филм посветен на жените зад камерата.
Фестивалот почна со проекција на филмот „Длабочината на океанот“ (Titanic Ocean), во присуство на режисерката Константина Коѕамани, која пред скопската публика ја сподели личната нишка вткаена во нејзиното дело.
Со внимателно избраната програма од три долгометражни и два кратки филма на грчки режисерки, публиката има ретка можност да се запознае со разни епохи и уметнички светови – од зачетоците до најновата продукција на грчката кинематографија.
Вечер ќе бидат прикажани краткиот филм со современа приказна „Летно место“ на Александра Матеу и филмот од 1953 – „Ева“ на Марија Плита, првата жена режисер во историјата на грчкиот филм.
Влезот за проекциите е бесплатен, со претходна најава за присуство на веб-страницата: thegreekfilmfestivalinskopje.com

