Во сабота, 28 ноември, во 12 часот Природонаучниот музеј – Скопје организира забавна авантура низ Природонаучниот музеј – од фосилите и најраните почетоци, преку минијатурниот свет, до богатството на нашата флора и фауна.
Оваа сабота, збавата е со актерот Мартин Јорданоски, а потоа и секој следен викенд, младите ќе можат да се дружат со нашиот познат актер, омилен кај децата! Овие посети на еден од најстарите Музеји во нашиот град се замислени како време за дружење, забава и едукација, исполнети со интересни приказни и нови откритија за природата.
На 1 декември, Музејот организира работилница на тема „Кој се буди кога ние спиеме?“, што ќе ги воведе најмладите кон тајниот свет на животните што оживуваат кога ќе падне ноќта.
Со ламбички во рацете и истражувачки дневници, децата ќе тргнат во нова авантура исполнета со таинствени мисии, експерименти со светлина и звук, откривање траги и детективски предизвици.Водени од Македонско еколошко друштво, малите истражувачи ќе ги испитаат своите сетила и ќе откријат како животните се приспособуваат на животот во темнина, велат од Музејот.

