Русија и Северна Кореја се догориле за унапредување на трговските односи и проширување на соработката во научно-технолошката област. Договорот за зајакнување на соработката бил постигнат на среедбата на ниво на министри, објави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.
На средбата двете земји потпишале договор за тесна соработка во областите на енергетиката, земјоделството, трговијата и здравството. Засега не се објавени детали за конкретните проекти што биле разгледувани, ниту за начинот на кој ќе се спроведува договорената соработка.
Односите меѓу Москва и Пјонгјанг значително се интензивираа по средбата на лидерите на двете земји во 2023 година. Следната година рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун потпишаа сеопфатен договор за стратешко партнерство, кој вклучува и клаузула за заемна одбрана.

