Кинескиот лидер Си Џинпинг придружуван од сопругата Пенг Лијуан доцна попладнево пристигнаа во Белата куќа, каде со свечена церемонија беше пречекан од американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп.
По завршувањето на церемонијалниот дел започнаа билатерални разговори меѓу двајцата претседатели, кои се одвиваат зад затворени врати, по што ќе следат поопсежни консултации меѓу двете делегации.
Се очекува на разговорите да стане збор за повеќе теми, вклучитечно и за трговските царини меѓу двете земји, вештачката интелигенција, војната во Иран, но засега не е познато дали тие ќе резултираат и со конкретни договори.
Си: Наша одговорност е да ја држиме вештачката интелигенција под контрола
Поздравниот говор Си го започна со честитки до САД по повод 250-годишнината од нивната независност и се заложи за „проширивање“ на соработката меѓу двете земји, како што беше договорено за време на претходниот самит во Пекинг.
Кинескиот претседател порача и дека Кина и САД имаат одговорност да го држат развојот на вештачката интелигенција под контрола, со што се надоврза на бројните предупредувања од технолошките компании во последните недели во врска со потенцијалната и опасна моќ на оваа технологија.
Си истакна и дека Кина и САД сакаат „стратешки и стабилни односи“, нешто што е „прифатено со благодарност од народи на двете земји и од меѓународната заедница“, алудирајќи на тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг и на стравувањата од поголем конфликт.
Трамп го нагласи „доброто пријателство“ со Си
Трамп од своја страна истакна дела му претставува задоволство да му посака добредојде на Си во Белата куќа.
„Претседателот Си е вториот претседател (на Кина) во историјата, што остварил официјална посета на Соединетите Држави“, рече Трамп.
Трамп се освнат и на зајакнувањето на врските меѓу него и Си, нагласувајќи го „добро пријателство“ меѓу нив.
Американскиот претседател посочи дека со Си ќе разговараат за безбедноста, технологијата и вештачката интелигенција, како и дека ќе го посетат Националниот архив, каде што се чува оригиналната Декларација за независност на САД.
САД од Кина на подарок ќе добијат две панди
Меѓусебното ласкање помеѓу Трамп и Си не застанува само на зборови. Во својот поздравен говор, кинескиот претседател изјави и дека Кина „ќе испрати две панди во Зоолошката градина во Атланта“, кои че бидат „амбасадори на пријателството“.
Секоја панда во светот е сопственост на Кина и земјата често ги користи овие животни за воспоставување или зајакнување на врските со други сојузници.

