Не работи во моментот услугата „МојДДВ“. Од Управата за јавни приходи велат дека прекинот е од техничка природа.
Надлежните служби интензивно работат на отстранување на техничките проблеми и повторно воспоставување на услугата во најкраток можен рок, стои во известувањето.

