Метеоролозите за денес најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а минималната температура ќе се движи од 8 до 16, додека максималната од 26 до 32 степена.
Во Скопје, ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Сончевото време ќе се задржи уште утре, а веќе од недела се очекува промена на времето со повремени врнежи од дожд. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.

