Со над 200 докази и седум сведоци, Обвинителството ќе се обиде да докаже вина кај осомничените во случајот Државна лотарија во кој меѓу обвинетите се и поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Лотарија Перпарим Бајрами.
Тие денеска седнаа на обвинителна клупа случајќи ги материјалните докази што ги изнесува Обвинителството.
Груби со лаптоп пред него ги следеше материјалните докази против него, а регаираше на доказот за владината седница со која претседател тој, на што судијката му укажа дека ќе има и тој можност да ја докажува својата страна.
Со лаптоп пред него и забелешки до обвинителите за презентацијата на доказите, поранешниот вицепремиер Артан Груби активно ги следеше материјалните докази кои обвинителите ги изведуваа на судењето против него и уште седум други лица за злоупотреби во „Лотарија“.
Тој реагираше за доказот за 158 владина седница одржана на 6 јуни 2023 година со која претседавал тој, објаснуваше дека тие се усвојуваат на различен начин, но судијката му кажа дека ќе има можност и тој и сите обвинети да ја докажат својата теорија на случај.
На почетокот на денешното рочиште, адвокатот на обвинетиот Бојан Јанев побара да се одложи рочиштето поради обемен материјал, но неговото барање беше одбиено.

