Студентите и професорите заедно на концертната сцена по повод големиот јубилеј
Во рамките на одбележувањето на големиот јубилеј, 60 години ФДУ, на 27 ноември 2026 година (петок), со почеток во 20:00 часот, во Музејот на Македонската борба во Скопје ќе се одржи свечен концерт на кој заеднички ќе настапат студентите и професорите.
Настанот е дел од програмата за одбележување на значајниот јубилеј и претставува потврда на континуитетот, уметничкиот развој и меѓусебната соработка.
Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам и под покровителство на претседателот на Република Македонија.
Датум: 27 ноември 2026 година (петок)
Време: 20:00 часот
Место: Музеј на Македонската борба – Скопје

