Седумнаесетгодишник од Скопје бил лишен од слобода вчера околу 17 часот на подрачјето на Бит-пазар, по претходна пријава дека со остар предмет нападнал 15-годишник и му нанел повреди.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, полициските службеници од СВР Скопје постапувале по пријавата и го привеле малолетникот.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

