Вечерва, 28. Ноември, во Центарот за култура -Битола, во 20 часот, групата од Турција „Мартеница“, што ги спојува балканските мелодии и макамските мотиви со современ музички израз, ќе настапи на 18. Фестивал на музика од светот. Моќен вокал, хармоника, виолина и перкусии водат од нежни, меланхолични песни до разиграни танцови ритми.

Утре вечер, на 29.11.2026, Битолски дувачки оркестар ќе одржи заеднички концерт со Драган Мијалковски.Под раководство на Марјан Бакревски, оркестарот ќе ги обои безвременските македонски и странски композиции со богат дувачки звук. Концертот „Big Band Edition“ носи средба на оркестарската енергија со песните што поврзуваат генерации. Заедно со Драган Мијалковски, еден од најпрепознатливите македонски гласови, со повеќе од пет децении музичка кариера, Битолскиот дувачки оркестар ќе донесе вечер посветена на мелодиите што ги сакаме и паметиме.
Последната вечер, 30 ноември, е одвоена за настапот на Баклава и Трио Мандили, со што ќе биде затворен 18. Фестивалот на музика од светот. Препознатлив музички израз во кој традицијата добива современ здив. Баклава создаваат топол и разигран свет од мелодии, ритми и приказни.Трите девојки од Грузија ја освоија публиката со природноста, вокалните хармонии и љубовта кон традиционалната музика. Нивните изведби со милионски прегледи ја носат убавината на грузиските песни до слушатели низ целиот свет.


