Четириесетгодишен тетовец е приведен откако неговата 27-годишна вонбрачна сопруга пријавила дека ја физички ја нападнал, но и дека ја принудувал да оди со други мажи и дома да не се враќа без пари.
Според пријавеното во полицијата, жената била принудена парите што ги добивала од питачење да му ги предава на партнерот.
Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.К. (40) на 27 ноември, во 20:20 часот, постапувајќи по пријавата за физичкиот напад и другите околности во кои живеела жената.
За случајот бил известен и Центарот за социјални работи во Тетово, кој ќе се погрижи за нејзино сместување и за преземање на потребните мерки за нејзина заштита.
Осомничениот бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираат од Министерството за внатрешни работи.

