Бугарската претседателка Илијана Јотова на телевизија видела дека обвинетитата за сообраќајна несреќа со смртни последици, Ива Михајлова ја преминала границата и избегала во Бугарија, иако македонските истражни органи ѝ ги одзедоа двете патни исправи, и македонската и бугарската.
Јотова најави дека ќе се сретне со Михајлова.
„При прва можност ќе се сретнам со Ива Михаилова. Дури и ако ја задржат во болница, ќе направам сè што е можно за да се видам со неа“, изјави Јотова пред новинарите, додавајќи дека очекува да ги види наодите на бугарските лекари од болницата „Пирогов“.
Сепак вели, сѐ уште има многу неразјаснети околности околу нејзиното пристигнување во Бугарија.
„Има уште многу неразјаснети околности. Мислам дека и други надлежни органи во Бугарија треба прво да одговорат на прашањата што ве интересираат“, рече бугарската претседателка, одговарајќи и на прашањето каква реакција очекува од Македонија.

