Љупчо Пецов – Ѓаволот, обвинет за финансиски малверзации, признал вина за злосторничко здружување и даночно затајување, па судот му утврдил казна затвор од две години, но таа нема да се изврши доколку во следните пет години не стори ново кривично дело.
Основниот кривичен суд денеска соопшти дека пресудата КОК 53/26 била донесена врз основа на признание на вина на 24 август годинава.
Покрај условната казна, Пецов треба да плати и парична казна од 8.000 евра, односно 492.000 денари. Судот му забранил во следните десет години да биде основач или управител на правно лице, како и да управува, раководи или располага со имот на правно лице. Пецов-Ѓаволот е познат по тоа што со неговото сведочење за поткуп беа фатени поранешниот државен правобранител Фехми Стафа и судијата Ѓоко Ристов

