дома Македонија Економија Старосна, семејна, воена..во октомври бројот на пензионери достигна 346.386. Просечната пензија над...

Старосна, семејна, воена..во октомври бројот на пензионери достигна 346.386. Просечната пензија над 27.000 денари

Вкупниот број на корисници на пензија во октомври 2025 година изнесува 346.386 лица, покажуваат податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ПИОМ.

 

Стотина пензионери излегоа на протест пред Уставниот суд со барање да продолжи линеарното зголемување на пензиите. Нивниот протест доаѓа откако Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на линеарното, наместо процентуално покачување на пензиите. Гневот на пензионерите е насочен кон уставната судијка Добрила Кацарска, која беше судија – известител во иницијативата за оценување на уставноста. Уставен уште претходно реагираше против притисоците врз судиите.

Според законот, пензиите се усогласуваат двапати годишно – во март и во септември. Процентот на зголемување на пензиите зависи од покачувањето на трошоците за живот и од покачувањето на просечната плата.

Уставниот ќе испитува дали линеарното покачување предизвикува дискриминација, затоа што била различна основицата по која се уплаќале придонеси, некој работел и уплаќал 40 години, а некој само 15, а ќе добијат исто покачување.

Вкупниот број на корисници на пензија во октомври 2025 година изнесува 346.386 лица, покажуваат податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ПИОМ.

Од нив, 248.064 лица или 71,61 процент се корисници на старосна пензија, 73.496 лица или 21,22 проценти примаат семејна пензија, а 24.115 лица или 6,96 проценти инвалидска пензија.

Воени пензии имаат 682 лица, а земјоделски пензии само 29 лица.

Најголем дел од пензионерите, 36,13 проценти, примаат пензии од 19.229 до 22.945 денари, додека 22,85 проценти имаат пензии од 22.946 до 28.500 денари. Само 0,96 проценти добиваат над 63.518 денари, а до 19.228 денари добиваат 26.135 пензионери

Просечната исплатена пензија за октомври изнесува 27.143 денари. По видови, просечната старосна пензија е 24.656 денари, семејната 22.503 денари, инвалидската 16.952 денари, а воената пензија 35.491 денар.
Во текот на 2025 година просечната пензија бележи раст – од 23.726 денари во јануари до 27.143 денари во октомври.

Пари има, ветуваат од Владата и ПИОМ, а за распределбата  засега нема дебата.

Иако старосната граница за пензионирање останува иста – 64 години за мажи и 62 години за жени – пензионерите и понатаму живеат со впечаток дека се заборавени и дека секоја година ги чека нова борба со поскапувањата. Формално гледано, пензискиот систем функционира, но реалноста и живеачката многу поинаква.

Надлежните институции уверуваат дека линеарното зголемување на пензиите служи за заштита од растечките трошоци на живот, но бројките раскажуваат многу посурова приказна.

Според официјалните податоци, пензионерите не се најсиромашната категорија во земјата – но нивниот стандард е меѓу најзагрозените. Без исплатата на пензии, 40 проценти од македонските домаќинства би паднале под границата на сиромаштија.

ПредходнаХрватска, со 4,0 проценти, беше меѓу земјите од ЕУ со највисока годишна инфлација во октомври
СледнаЗатекнати 26 малолетници по полноќ во угостителски објект во Свети Николе