дома Македонија Економија Предлог-буџетот за 2026 година денеска на седница пред пратениците

Предлог-буџетот за 2026 година денеска на седница пред пратениците

Предлог-буџетот за 2026 година, дополнет со усвоените амандмани, денеска е на дневен ред  на седница во македонскиот парламент

Проекциите во Предлог-буџетот се реален раст на БДП од 3,8 проценти, инфлација од околу 2,5 проценти во услови на стабилни цени на меѓународните пазари, раст на приватната потрошувачка на 2,6 проценти и на јавната потрошувачка од 1,4 проценти. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 39,2 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП.

Вкупните приходи се планирани на ниво од 374,9 милијарди денари, а расходите на ниво од 414,2 милијарди денари. Расходите за исплата на плати изнесуваат 52,6 милијарди денари, што е за околу три милијарди денари повеќе од 2025 година, а расходите за стоки и услуги се планирани на 27,9 милијарди денари. За исплата на пензии обезбедени се 116,8 милијарди денари, а 12 милјарди денари за исплата на надоместоци за социјална заштита.

 

ПредходнаПретставката од Здружението на родителите на загинатите од Кочани на седница на Постојаната анкетна комисија
СледнаБез струја повеќе делови Студеничани и Сопиште