дома Македонија Политика Ваљбон Лимани повторено на избори за градоначалник во Гостивар

Ваљбон Лимани повторено на избори за градоначалник во Гостивар

НАИ со Ваљбон Лимани очекува триумф на повторените избори за градоначалник во Гостивар

 – Со митинг во Центарот за култура во Гостивар започна предизборната кампања на коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ). Пред партиското членство и симпатизерите, кандидатот за градоначалник, Валбон Лимани, искажа благодарност до сите граѓани кои му ја дале довербата во првиот круг од локалните избори во октомври. Тој во говорот изрази верување дека волјата на граѓаните ќе се оствари ќе триумфира на овие избори. Победата му била, рече поништена со број гласови.

– Ова не е прв пат да се водат „игри“ и да се испробаат во Гостивар, но убеден сум дека со ваша поддршка и пред сè со Божја волја, ќе успееме. Ова е процес како битка за достоинство и за правото на граѓаните сами да одлучуваат за иднината на Гостивар, рече Лимани.

Тој во говорот истакна дека не верува во празни предизборни ветувања, а неговата политичка посветеност ја темели на конкретни и изводливи проекти, кои како што рече треба да овозможат одржлив развој на градот и подобар животот на граѓаните. Кандидатот за градоначалник поддржан од НАИ ја побара поддршката со сограѓаните и повика на масовна излезност на гласачките места на 11 јануари, за, како што рече, да се потврди волјата на гостиварци.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во обраќањето на митингот рече:

– Ја имате моја целосна поддршка, поддршката од ДУИ и сите наши структури. Вашата победа на 11 јануари е сигурна. На Гостивар му е потребна нова генерација лидери, рече Ахмети.

 

ПредходнаVan Gogh си го отсекол увото
СледнаБез струја корисниците на улицата Христо Татарчев во Кисела Вода