дома Локално Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Најмногу снег има на Попова Шапка, каде висината на снежната покрива изнесува 62 сантиметри.

За изминатите 24 часа до 07 часот во најмногу врнежи имало во Охрид и Претор каде се измерени 2 l/m2.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во северозападните делови (локално над 25 l/m²). Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

ПредходнаСвети Трифун – празник што ја означува надежта, лозарството и почетокот на пролетните работи
СледнаПосебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница