дома Локално Апел за одговорно однесување со палењето смреков оган за Прочка во Делчевско

Апел за одговорно однесување со палењето смреков оган за Прочка во Делчевско

  По повод претстојниот верски празник Прочка – Поклади, надлежните институции од Делчево упатија апел до граѓаните за одговорно и законско одбележување на празникот, со посебен акцент на заштитата на животната средина и јавното здравје.

Од институциите потсетуваат дека дозволено е исклучиво палење смреков оган, во согласност со традицијата, додека строго е забрането палење гуми, пластика и друг вид отпад.

-Палењето гуми и отпад сериозно ја загадува животната средина, директно го загрозува здравјето на граѓаните и претставува дејствие спротивно на законските прописи, се наведува во апелот а  ваквите постапки можат да предизвикаат сериозни последици, како загадување на воздухот, опасност од пожари и прекршочна или кривична одговорност за сторителите.

ПредходнаИронизирано, ама извинување на СДСМ до Орце Ѓорѓиевски
СледнаМарихуаната била од Струмица, а натоварена во Свети Николе . Во Србија влегла преку Табановце . Осомничени шестмина за шверцот