дома Локално Трагедија во Скопје: Избувнал пожар во куќа во Ќерамидница, сопственичката пронајдена почината

Трагедија во Скопје: Избувнал пожар во куќа во Ќерамидница, сопственичката пронајдена почината

 

 

Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Ќерамидница настанал пожар во куќа, сопственост на 71-годишната Т.П. од Скопје, која имала здравствени проблеми.

Од Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а на местото е пронајдена почината сопственичката. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција, информираа од полицијата.

 

 

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

 

 

ПредходнаSP>Газдата на „Пулс“ бара да го пренесат во „Идризово“ – во Куманово се однесувале кон него нечовечки и понижувачки
СледнаАна Костадиновска сведочеше за пеколот во „Пулс“: Се чувствуваше силен мирис, што нè тераше на спиење