дома Култура ВО ТРКАТА ЗА НАГРАДАТА „РОМАН НА ГОДИНАТА“ ОСТАНАА 11 РОМАНИ

ВО ТРКАТА ЗА НАГРАДАТА „РОМАН НА ГОДИНАТА“ ОСТАНАА 11 РОМАНИ

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2025 година што ја
доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности
„Славко Јаневски“, во состав Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и
претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и
Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), во втората селекција одбра
11 романи што останаа во конкуренција за оваа престижна награда.
На годинашниот конкурс пристигнаа дури 46 романи. Жири-комисијата во
првата селекција одбра 22 наслова, а сега списокот го стесни на 11 романи.
Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе
бидат соопштени на прес-конференција на 13 март што ќе се одржи во просториите на Друштвото на писателите на Македонија во Скопје.
Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, а исто
така е поддржана и од Министерството за култура и туризам на Република
Северна Македонија, годинава се доделува 27-ми пат. Таа се состои од плакета,
уникатна статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Минатата година наградата ја доби романот „Светот што го избрав“ на Калина
Малеска, во издание на издавачката куќа „Или – или“
ПредходнаНови правила за побезбедно онлајн плаќање со картички
СледнаСе повеќе македонски граѓани бараат помош по случувањата на Блискиот Исток